Одржувањето на телесната тежина не мора да биде напорно бидејќи постојат рецепти за вкусни салати, како овој, кои се подготвуваат брзо и заситуваат. Поголемиот дел од намирниците сигурно веќе ги имате дома.
Салата со туна за оние кои ја чуваат линијата
Потребни состојки:
500 грама леблебија
2 конзерви туна
1 голема црвена пиперка исечкана на коцки
75 грама исечкан кромид
15 грама исечкан свеж магдонос
120 милилитри сок од лимон
4 лажици маслиново масло
Мешана зелена салата
Бибер и сол по вкус
Начин на подготовка:
Измешајте ги леблебијата, туната, пиперката, кромидот, магдоносот, две лажици маслиново масло и половина од лимоновиот сок. Зачинете со бибер. Останатиот лимонов сок заедно со останатите две лажици масло и солта измешајте ги, па прелијте ја салатата со смесата.