Ова е НАЈКРВАВИОТ напад на Боко Харам: Еден град е срамнет со земја и убиени се 2.000 луѓе!

Исламските екстремисти, во Нигерија го изведоа најкрвавиот масакр во историјата на исламистичкото движење Боко Харам, срамнувајќи со земја еден град на границата со Чад и притоа убивајќи 2.000 луѓе, наведува агенцијата Amnesty International.Стотици тела кои не можат да се пребројат и понатаму неподвижно лежат расфрлени низ шумата, по нападот кој траеше од среда до петок, пренесува АР.
Мајк Омери, гласноговорник на нигериската влада, рече дека на мета на нападот се најде градот Бага кој се наоѓа на границата со Чад, каде што побунениците заземале клучна воена база на 3 јануари, а во средата извеле нови напади.
„Безбедносните сили успеале брзо да реагираат и беше изведен воздушен напад врз воените мети“, рекол Омери во соопштението.
Началникот на покраината, Баба Аба Хасан, рече дека жртвите главно се деца, жени и постари луѓе кои не успеале да избегаат доволно брзо кога побунениците упаднале во Бага, испалувајќи гранати и пукајќи од пушки врз жителите.
Ова досега е најсмртоносниот напад кој Боко Харам го изведе во Нигерија.
Во побуната која трае веќе пет години, убиени се повеќе од 10.000 луѓе само минатата година, а повеќе од милион се раселени по Нигерија, додека на стотици илјади избегале преку граница во Чад и Камерун.Стотици тела кои не можат да се пребројат и понатаму неподвижно лежат расфрлени низ шумата, по нападот кој траеше од среда до петок, пренесува АР.

Пронајдете не на следниве мрежи: