Состојки
128 гр путер
64 гр шеќер
1 јајце
210 гр саморастечко брашно
1 прстофат сол
2 лажички ванила екстракт
Превкусни колачиња кое се топат во уста.
Постапката е едноставна – прво се мати путерот до побелување околу десетина минути.
Постепено се додава шеќерот и солта. Кога е се убаво соединето се додава јајцето и се убаво се мати.
Се додава брашното и се меси мазно тесто (малку лепливо).
На крај се додава ексрактот од ванила. Тестото се става во ладилник да се олади околу 15 минути, па се сучи тенка кора околу 5-7 мм.
Се вадат форми (дел од колачињата јас ги наросив со кафеав шеќер за да се крцкави)
Се печат во загреана рерна на 200 степени 8-10 минути(ќе внимавате да останат бели).
На здравје!