четврток, 12 ноември 2026
Најново

Додека товарел камион тој се придвижил и го прегазил

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Педесет и двегодишен маж од Скопје бил прегазен во дворот на неговата куќа, кога камионот кој го товарел се придвижил и го прегазил.
Во 08.37 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека околу 07.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен маж од Сопиште.
Според пријавата, се работи за 52-годишниот Т.К. од Сопиште, скопско, кој се здобил со повредите додека товарал товарно моторно возило во близина на неговата куќа. Во еден момент возилото само се придвижило, а Т.К. во обид да го сопре, паднал и со задното тркало бил прегазен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести