Брз оброк идеален за деновите на пост.
СОСТОЈКИ:
4 пиперки
200 гр Тимко туна од конзерва
200 гр посен мајонез
сок од половина лимон
магдонос
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пиперките испечете ги на плотна или во рерна, излупете ги и исечкајте ги на широки ленти.
Туната исцедете ја од масло, иситнете со вилушка и измешајте со сечкан магдонос и мајонез. Посолете, побиберете и пропрскајте со сок од лимон. Добро измешајте, па ставајте по малку од смесата на секоја лента пиперка и правете ролни. Посипете со магдонос и послужете.
Добар апетит!