Ќе го обожавате овој рецепт за мирисни и вкусни њоки.
Варените њоки промешајте со сос од домат и маслинки, и запечете ги во рерна со сирење.
Состојки:
400 гр. њоки
Конзерва домати
100 гр. црни маслинки
Две чешниња лук
Сушено оригано
Сув босилек
Сол, бибер
Маслиново масло
150 гр. сирење
Начин на подготовка:
Сварете ги њоките во солена, зовриена вода. На маслиново масло издинстувајте ситно сецкан лук, додајте ги доматите од конзерва и уште 200 милилитри вода. Оставете да зоврие десетина минути, зачинете со сушени зачини, сол, бибер и на крај додајте маслинки.
Измешајте ги њоките со сосот, ставете во садот за печење и нарендајте сирење на врвот. Печете додека да добијат златеста боја.