Бабини профитероли

Погледнете го овој рецепт како да направите вкусни профитероли кои за многу кратко време ќе ви станат омилен десерт.
Десерт за денес: Бабини профитероли
Потребни состојки:
125 милилитри млеко
125 милилитри вода
100 милилитри масло
300 грама брашно
5 големи јајца
малку сол
200 милилитри павлака
150 грама чоколадо
1 коцка маргарин или путер


Начин на подготовка:
1. Во тенџере ставете ги водата, млекото и маслото и додајте малку сол, а кога ќе почне да врие додајте го брашното и мешајте две минути. Оставете да се излади, а потоа додајте ги јајцата и мешајте со миксер додека не добиете хомогена смена. Покријте ја тавата со хартија за печење.
2. Ставете го тестото во шприц за готвење и во тавата за печење формирајте мали топчиња. Печете на 200 °C околу 35-40 минути.
3. Откако топчињата ќе се изладат, со нож направете мали дупки од долната страна.
4. Изматете ја павлаката, ставете ја во шприц и наполнете ги профитеролите.
5. Стопете ги чоколадото и маргаринот и можете да додадете малку масло. Ставете ги профитеролите на решетки и прелијте ги со растопеното чоколадо. Откако чоколадото ќе се здрви, можете да сервирате

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.