Две состојки ве делат од се’ што ви е потребно оваа зима!

Исцелувачката мешавина од маслиново масло и лимон е совршена комбинација која помага при различни здравствени состојби и заболувања, ќе го исчисти вашето тело од сите токсини и штетни материи и ќе ве наполни со енергија.
Сè што ви треба е: една лажица маслиново масло и една лажица сок од лимон.
Подготовка и употреба:
Добро измешајте ги маслиновото масло и сокот од лимон и пијте наутро на празен стомак. Лимонот и маслото треба да бидат на собна температура.


Маслиновото масло ги содржи витамините А, Д, К и Е кои ви помагаат во борбата против слободните радикалите, спречувајќи го предвремено стареење. Исто така, содржи есенцијални масни киселини кои помагаат при лошиот холестерол. Лимонот, од друга страна, е многу богат со витамини Ц и Б, антиоксиданти, протеини, калиум, јаглени хидрати и фосфор.
Го олеснува варењето на храната и го забрзува разлагањето на маснотиите.
Оваа моќна мешавина го чисти организмот, го стимулира метаболизмот и го забрзува излачувањето на токсините. Во исто време, ве штити од дејството на слободните радикали.
Маслиновото масло е богато со есенцијални масни киселини, кои се важни, бидејќи тие ја стимулираат циркулацијата на крвта и во исто време го елиминираат вишокот на лош холестерол. Кога се комбинира со лимон, има антиинфламаторно дејство и му обезбедува на организмот важни витамини.
Маслиновото масло и лимонот заедно го подобруваат варењето, ги одржуваат здравите срцеви и крвни садови, ја подобруваат циркулацијата и ги смируваат воспалителните процеси. Тие исто така влијаат на функцијата на црниот дроб и го поттикнуваат разлагањето на камења во жолчката.
Мешавина од маслиново масло и сок од лимон е одлична за согорување на вишокот маснотии во телото. Поточно, масните киселини содржани во смесата помагаат да се разложи вашето масно ткиво акумулирано пред се во абдоменот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.