Се појави во маркет и им ги плати сметките на сите купувачи, никој не позна дека таа е голема ѕвезда

43-годишната пејачка Сиа, која секогаш си го крие лицето зад перика, влезе во маркетот „Walmart“ и им ги плати сметките на сите купувачи. На почетокот, никој не ја препознал, бидејќи таа не го открила идентитетот, туку рекла дека се вика Сиси и дека добила на лото.
Музичарката позната по хитот „Chandelier“ подоцна беше разоткриена од своја обожавателка, која објави видео од случката на Twitter.

„Сиа плати за моите намирници денес, благодарам многу! Имаш прекрасна душа и срце што им плати на сите!! Извини што им кажав на сите кога сфатив која си!! Но, оваа добрина мора да добие признание“ – напиша таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.