Првата асоцијација за Божиќната ѕвезда е нејзината богата црвена боја, но овие празници убавицата доаѓа и во други нијанси: бела, розова, лимон жолта и во шарено издание.
Розова Божиќна ѕвезда: празнична убавица еднаква на црвената
Божиќната ѕвезда е симбол на Божиќ и е убав украс во домовите за време на празниците. Ова цвеќе може да се нарече „грофица меѓу растенијата“, бидејќи е многу чувствително и бара посебна грижа. Божиќната ѕвезда е всушност повеќегодишна листопадна грмушка со мали неугледни цветови кои на врвот од дршката се опкружени со прицветни листови (брактеи), кои претставуваат вистински украс на растението.

Грижата за Божиќната ѕвезда започнува веднаш по купувањето и таа не смее веднаш да се внесе во топол простор за да не се исуши. Преголемата разлика во температурите може да биде погубна за оваа „чувствителна дама“, поради што прво треба да ја оставите во ходникот да се аклиматизира, а подоцна да ја внесете во собата. Друга важна работа е дека Божиќната ѕвезда не треба да биде изложена на извор на топлина или на провев.
Откако успешно ќе ги исполните уловите за одгледување на Божиќната ѕвезда, ќе бидете во можност да уживате во целосниот сјај на ова растение кое фасцинира со својата богата колоритност.



