„После куса и тешка болест почина нашата драга мајка, сестра и баба Лула. Нејзината ведра душа, нејзината сила и оптимизам нè направија подобри луѓе“, пишува на Инстаграм профилот на нејзиниот сопруг.
Лула Живојиновиќ, вдовицата на српскиот глумец Бата Живојиновиќ, починала во Белград после куса и тешка болест, пренесуваат српските медиуми.
Бата Живојиновиќ почина на 22-ри мај 2016-та година во болницата Свети Сава во Белград.