Цеца најави нов албум, а откри и зошто нејзината ќерка Анастасија сеуште не настапува

Цеца Ражнатовиќ, во 2020 посакува да ја израдува публиката со нови хитови, а проговори и за нејзината ќерка Анастасија и нејзиниот албум, не знаејќи дека Анастасија сеуште пред медиумите не објавила ништо такво.
-„Сакам нов албум, навистина, тоа се чека уште од 2015/16 година, не знам веќе ни кога последен пат објавив албум. Мојата публика тоа многу го посакува. Желбите ми се насочени овој пат кон работата, а што се однесува до приватноста, се разбира, сакам сите да ми се живи, здрави и среќни, семејството да ми биде сложно и хармонично. Тоа е најважно во животот, се останато може лесно да се постигне“- изјави Цеца.


На коментарот дека Анастасија би можела да ја замени, Цеца одговори:
-„Па она почетокот на годинава треба да извади нов албум. Се надевам дека ви го кажала тоа. Не знам ни дали сте ја прашале. Сеуште не знам што одлучила, дали ќе ги промовира песните една по една, каков што е денешниот нов тренд, или ќе се одлучи за сите песни одеднаш. Анастасија од нејзината прва песна имаше огромен број на понуди за настапи, а да не зборувам откако излезе нејзината втора песна „Ране“ која е балкански хит. Но таа сеуште нема потреба од тоа, вели дека сеуште не е момент. Јас не сум некој што влијае на нејзините желби или пак се меша во нешто. Анастасија сама треба да го посака тоа и сама да се представи на својата публика.“- објасни Цеца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.