ПОЧИВАЈ ВО МИР: Германците ѝ оддадоа почит на несреќната Тугче

Нејзиното семејство дозволи да ѝ се исклучат апаратите токму на нејзиниот 23. роденден. Претседателот на Германија, Јоахим Гаук, упати сочувство до семејството на девојката и ја нарече пример за храброст.Германците и денес ѝ оддаваат почит на „храбрата хероина“, 23-годишната студентка која почина од удар додека бранела две девојки од напад во Офенбах.
Тугче Албајрак се наоѓаше во кома, откако на 15 ноември беше претепана кога скокнала да им помогне на две девојки кои биле нападнати во тоалетот во еден ресторан за брза храна. Едниот од напаѓачите, кој „Дојче Веле“ го именува како Санел М. (18) од Санџак, по инцидентот се вратил во ресторанот и на паркингот подоцна нападнал една студентка.
Околу 100.000 луѓе ја потпишаа петицијата со која се бара на девојката постхумно да ѝ се додели државен орден за заслуги, а претседателот рече дека ќе го разгледа барањето. Илјадници луѓе учествуваа на бдеењето кое беше организирано ширум Германија.
***
Германија обвиена во црно: На Тугче ѝ ги исклучија апаратите ЛИНКГерманците и денес ѝ оддаваат почит на „храбрата хероина“, 23-годишната студентка која почина од удар додека бранела две девојки од нап

Пронајдете не на следниве мрежи: