Според Ердоган жените и мажите не можат да извршуваат иста работа!

Жените и мажите не можат да извршуваат иста работа бидејќи тоа е во спротивност на закониоте на природата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.- Не можете да поставите една мајка, која дои, на иста функција и да имате исти очекувања од неа како од мажот, кој нема такви одговорности. Приоритет на жените треба да биде мајчинството, бидејќи тоа е правилниот исламски начин на живот – истакна Ердоган на конференцијата во Истанбул, посветене на жените и праведноста.
Тој посочи и дека не може да се натераат жените да извршуваат исти работи како мажите, како во некогашните комунистички режими.
– Да ѝ дадете лопата и да ја натерате да работи? Не можете да го направите тоа. Тоа е во спротивност на нејзината деликатна структура – наведе Ердоган, кој се залага секое турско семејство да има најмалку три деца.
Според податоци на Светска банка, учеството на жените во работната сила на Турција е ниско – 29 проценти, додека во Германија и во САД е 57 проценти.
Голем број на жените во Турција се жртви на семејно насилство. Во 2013 година 214 жени биле убиени од нивните партнери.- Не можете да поставите една мајка, која дои, на иста функција и да имате исти очекувања од неа како од мажот, кој нема такви одговорности. Приори

Пронајдете не на следниве мрежи: