10 „зимски“ митови во кои е редно да престанете да верувате

Верувањата за она што треба и не треба да го правите во текот на зимата се пренесуваат од генерација на генерација.
Најчесто, овие митови ни ги кажуваат додека сме деца, а тој период воопшто не се сомневаме во мудроста на возрасните. Сепак, изгледа дека голем дел од овие „совети“ се сосема погрешни, а понекогаш дури и штетни.
Затоа, погледнете кои се „зимските“ митови во кои би требало да престанете да верувате:
Ако се „стуткате“ кога е ладно, ќе ви биде потопло
Овој мит е целосно погрешен и важи токму спротивното. Ако одите исправено како и секогаш кога времето е студено, ќе се стоплите многу полесно.
Причината е што кога сте „стуткани“, ја попречувате циркулацијата, па топлината не се распоредува низ целото тело.


Нормално е да се здебелите во зима
Донекаде, ова има смисла бидејќи е тешко да ја поминете зимата без да качите некој килограм. Но, доколку се поправите не е виновен студот, туку вашиот начин на живот.
Во зима поретко сакаме да излегуваме, па затоа се движиме помалку. Истовремено, ѝ даваме предност на калоричната храна бидејќи на телото му треба повеќе енергија да се стопли. Сето ова резултира со неколку килограми вишок.
Но, ако не го промените начинот на исхрана и продолжите со физичката активност, ќе го избегнете зимското дебелеење, не е дека е неизбежно.
Пилешката супа е лек за настинка


Супите и топлите чаеви можеби ќе ги ублажат симптомите на настинката, но нема да ја излечат.
Топлите течности можат да го олеснат дишењето и да ја намалат болката во грлото. Пилешката супа, пак, е одличен начин да внесете повеќе течности и хранливи материи во телото. Но, ништо од ова не ги отстранува вирусите од организмот.
Кога ќе настинете, слободно консумирајте чаеви и супа, но ако ви се влошува состојбата, најдобро е да одите на лекар.
Во зима се намалува функцијата на мозокот
Многу луѓе веруваат дека во зима мозокот хибернира, па извршувањето на најобичните задачи станува потешко.

Young woman sitting at table coloring book

Но, бројни истражувања покажале дека функцијата на мозокот не се намалува кога времето е студено и студот не влијае врз меморијата. Откажете се од изговорите.
За да се заштитите од студот, треба да ги покриете носот и устата со шал
Ова може само да ви предизвика проблеми. Од дишењето, шалот станува влажен, а од оваа влага, пак, воздухот што го вдишувате може да стане уште постуден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.