Видео: Заминав во Сирија за да ја спасам ќерка ми!

Холанѓанка од Мастрихт не се двоумеше и не ги послуша предупредувањата да не се патува во сисрискиот град Рага, престојувалиштетот на милитантите на Исламската држава покрај кој неодамна е сминено мачното видео на кое групно се погубени војници.Жената на која и е објавено само првото име -Моник, се упатила во терористичкото упориште за оттаму да ја спаси својата 19-годишна ќерка Аиша, пишува холандскиот весник „Алегемен Дагблад“.
-Некогаш мораш да го направиш тоа што мораш. Мислам дета тоа беше правилниот потег, им рекла Моник на семејството и пријателите пред да се упати на опасното патување.
Минатиот месец нејзината ќерка, Холанѓанка која преминала во ислам, преку социјалните мрежи и испратила на мајка си повик за помош изразувајќи желба да се врати дома. Девојката преминала во ислам на 18 години и се омажила за озлогласениот холандски џихадист Омар Вилмаз, откако го видела неговото интервју на телевизија.
Моник прво отишла во полиција, но таму и рекле дека не можат да и помогнат и ја предупредиле дека нејзиното помагање на ќерката во неволја би можело да биде окарактеризирано како помош на џихадистите, што претставува кривично дело.
Игнорирајќи ги предупредувањата, Моник прво заминала во Турција од каде ја преминала сириската граница и стигнала до Рага, самопрогласениот главен град на Исламската држава. Патувала покриена со бурка, а преку „Фејсбук“ договорила место и време за средба со ќерката. Тие две побегнале преку границата во Турција каде Аиша била уапсена бидејќи немала пасош.

-Сакаше да си дојде дома, но не можеше да ја напушти Рага без помош, изјавила храбрата мајка откако успешно ја извела акцијата за спасување.
Министерството за надворешни работи на Холандија интервенирало кај турските власти за упте оваа недела мајката и ќерката да се вратат во Холандија.
Жената на која и е објавено само првото име -Моник, се упатила во терористичкото упориште за оттаму да ја спаси својата 19-годишна ќерка Аиша, пишу

Пронајдете не на следниве мрежи: