Кабинетот на лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани соопшти дека ИСИС има повеќе од 200.000 борци. Според изјавата на шефот на Барзани, Фуад Хусеин, тој број е шест пати поголем од бројот, кој што неодамна го објави ЦИА.- Како што напредуваат и освојуваат нови територии, така нивната бројност се зголемува. Моментално контролираат подрачје на кое живеат помеѓу 10 и 12 милиони луѓе, што може да доведе до зголемување на бројот на активни џихадисти – рече Хусеин.
Според него, претходната проценка на американските разузнавачи дека ИСИС има 31.500 борци се однесувала на тврдото јадро.
– Зборуваме за „држава“ која се базира на милитаристички и идеолошки бази. Тоа значи дека секој кој умее да користи оружје може да биде дел од неа, иако тие на сите сакаат да им ги измијат мозоците – истакна Хусеини и додаде дека ИСИС користи тенкови и тешка артилерија од американско производство, која ја заплениле во Ирак, но и руска опрема до која дошле во Сирија.- Како што напредуваат и освојуваат нови територии, така нивната бројност се зголемува. Моментално контролираат подрачје на кое живеат помеѓу 10 и