Русија ќе создаде своја „алтернативна Википедија“

Светските медиуми ја пренесоа веста дека Русија планира да создаде своја Википедија, за да се осигура дека граѓаните ќе имаат пристап до „објективни и точни“ информации за својата земја, објави Претседателската библиотека во соопштението на својот сајт.Анализата покажува дека Википедија „не располага со доволно детални и веродостојни информации за руските региони и животот во земјата“. Од библиотеката велат дека се собрани околу 50.000 книги и документи што ја портретираат Русија „објективно и точно“.
Потегот доаѓа како дел од акцијата за зголемувањето на контролата врз интернетот од страна на Кремљ. Во август беше донесен закон што ги принудува блогерите со повеќе од 3.000 читатели дневно да се регистрираат во медиумскиот регулатор.
Во март, пак, беа блокирани веб-страниците кои беа управувани од противници и критичари на претседателот Владимир Путин.Анализата покажува дека Википедија „не располага со доволно детални и веродостојни информации за руските региони и животот во земјата“.

Пронајдете не на следниве мрежи: