Стресот може да ви донесе ист број на калории како да сте изеле двоен хамбургер

Парите, работата и семејните обврски се првите три причини поради кои жените чувствуваат стрес, а истражувањата покажуваат дека стресот влијае не само на психичкото туку и на физичкото здравје.
Група експерти од универзитетот Јејл го проучувала односот помеѓу стресните настани и промената на тежина кај луѓето и открила дека стресот и анксиозноста го поттикнуваат човековото тело неконтролирано да се дебелее. Имено, стресот може да ви донесе дополнителни 300-тини калории што во пракса значи дека има ист ефект како да сте изеле двоен хамбургер.
Истражувањето открило дека епизодите на стрес предизвикуваат пораст на нивото на кортизол, а освен тоа тие предизвикуваат и неконтролиран глад кој доведува до прејадување. Личноста која е под стрес не само што е анксиозна туку и постојано се дебелее.


Според една студија која ја спровеле експерти од државниот универзитет во Охајо, кај жените кои се под стрес и кои консумираат висококалорична и масна храна, килограмите и маснотиите обично се складираат околу струкот. Тоа го потврдило и друго истражување кое го спровеле научници од Калифорнискиот универзитет, универзитетот во Њујорк и универзитетот Јејл.

Вежбајте седум минути во вашиот дом за фит тело

Со тоа, стресот и висококалоричната комбинација од храна го забавуваат метаболизмот и придонесуваат за поголемо складирање на маснотии. Имено, истражувањата покажуваат дека жените кои биле под стрес согореле 104 калории помалку од оние кои не се соочувале со стресни ситуации. Иако тоа не изгледа како голем број калории, докторите предупредуваат дека на долг рок можете да се здебелите и до 11 килограми.
Бидејќи во денешно време е тешко да се побегне од стресните ситуации, обидете се да пронајдете момент за опуштање и секојдневно полнење на батериите – слушајте смирувачка музика, отидете на прошетка, вежбајте или пронајдете ново хоби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.