МАСОВНО КОЛЕЊЕ: ИСИС обезглавија хуманитарец и 20 сириски војници

Американскиот претседател Барак Обама во соопштение ја потврди веста за обезглавувањето на американскиот хуманитарец Питер Касиг, откако Исламска држава објави видео со неговото брутално убиство. Обама испратил „молитви и сочувство“ до родителите на Касиг.Милитантната група се закани дека ќе убива и други американски државјани – „на вашите улици“.
На снимката не се гледа како џелатот, британски милитант познат како „Џихади Џон“, го убива Касиг. Според Ројтерс, Џон може да се види како стои, а исечената глава е до неговите стапала.
„Ова е Питер Едвард Касиг, американски државјанин“, вели тој.
Претходно имаше информации дека овој екстремист, кој обезлгави и други британски и американски заложници, е ранет во воздушен напад минатата недела врз местото каде што екстремистите во Ирак одржувале состанок на највисоко ниво.

Видеото со убиството на Касиг е дел од 15-минутна снимка, на која се гледа Џихади Џон, заедно со 18 други немаскирани милитанти на ИСИС, како обезглавуваат 20 мажи еден по еден. Жртвите се идентификувани како офицери од режимот на сирискиот претседател Башар Асад.
Во видеото екстремистите ги предупредуваат САД, Велика Британија и други земји.

 
„До Обама, кучето на Рим, денес ние ги колеме војниците на Башар, а утре ќе ги колеме вашите војници“, вели Џон, предвидувајќи дека Вашингтон ќе испрати повеќе војници во регионот за да се борат со ИСИС, пренесува Ројтерс.

„И со дозвола на Алах… Исламска држава наскоро ќе… почне да ги коле вашите луѓе на вашите улици.“
Видеото наводно е снимено во сирискиот град Дабик, во провинцијата Алепо. Градот има пропаганда вредност за ИСИС, зашто Дабик се споменува како местото каде што се очекува да се случат важни настани во текот на Малахим, или Армагедон. Дабик исто така е името на официјалното пропагандно списание на ИСИС.
 Милитантната група се закани дека ќе убива и други американски државјани – „на вашите улици“.
На снимката не се гледа како џела

Пронајдете не на следниве мрежи: