Грешки во оралната хигиена со кои си ги уништувате забите

Знаевте ли дека дури 2,4 милијарди луѓе ширум светот страдаат од некаков проблем со забите?
Причината е што секојдневно правиме грешки во оралната хигиена, за кои воопшто не сме свесни. Но, токму овие грешки се причина за проблеми со забите кои можат да ве чинат многу.
Во продолжение погледнете кои се најчестите грешки при оралната хигиена што е најдобро да ги избегнувате.
Игнорирање на лошиот здив
Лошиот здив најчесто е поради лоша хигиена или болест на забите. Понекогаш вие можеби нема да го забележите непријатниот здив, но другите околу вас сигурно го забележуваат.
За да ги избегнете овие непријатни ситуации, можете да направите мал тест:
– Лизнете ја внатрешната страна од вашиот зглоб.


– Почекајте 5-10 секунди.
– Мириснете го лизнатото место – ако мириса лошо, имате проблем со лош здив.
Можете да го проверите здивот и на уште еден начин – со прст, или парче памук, земете еден вид брис од под јазикот. Почекајте неколку секунди и мириснете.
Пиење после миење заби
Нормално дека наутро ќе појадувате после миењето заби. Но, пастата е последното нешто што треба да го ставите во уста на крајот од денот.
Дури и пиењето чај откако ќе ги измиете забите пред спиење може да има лошо влијание.
Плакнење на забите после четкање


Најдобро е да не ја плакнете темелно устата веднаш после четкање. Причината е што водата ќе го исплакне флуорот што останал од пастата.
Најдобро е да почекате неколку минути, па потоа да исплакнете со вода.
Кратко четкање на забите
Ако ги миете забите само 30 секунди дневно, нема да постигнете нешто.
Според заболекарите, треба да ги четкате забите барем 2 минути и темелно да ги исчистите од сите страни.
Пресилно четкање


Можеби мислите дека со силното четкање ќе ги полирате забите. Но, оваа навика само ќе го оштети емајлот и ќе ги направи забите почувствителни.
Исто важно е да ја одберете и правилната четка за вас. За ова, најдобро е да се консултирате со вашиот заболекар.
Четкање на забите веднаш после оброк
На овој начин не само што не постигнувате ништо, туку четкањето после оброк има лошо влијание врз емајлот, особено ако сте јаделе нешто кисело.
После оброк, почекајте барем половина час пред да ги измиете забите.
Не ја менувате четката
Препорачливо е да ја менувате четката за заби на секои 3 месеци. Или, направете го тоа откако ќе се „истроши“.
Само тогаш четкањето ќе има позитивен ефект.


Не ја менувате четката кога сте болни
Четката за заби не ги убива бактериите во устата. Па, ако не ја промените откако ќе се разболите, постои ризик повторно да ја „закачите“ истата болест.
Притоа осигурете се дека вашата четка не допира некоја друга додека сте болни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.