Њујорк: Нема повеќе апсење за мала количина на марихуана

Полицијата во Њујорк од наредниот месец нема да ги приведува ниту построго да ги казнува лицата кои поседуваат мали количини на марихуана.Градоначалникот на Њујорк, Де Бласио изјавил дека лицата кај кои ќе бидат пронајдени мали количини на марихуана ќе бидат пуштени само со ниска парична казна, под услов да имаат лични документи и да немаат полициско досие.Де Бласио додал дека полицијата со тоа ќе добие прилика да се посвети на решавање потешки злосторства. 
Според новата политика, луѓето фатени со 25 грама или помалку, повеќе нема да бидат апсени и носени во полициска станива.
Полицискиот комесар Бил Братон држеше пластична кеса, полна со оригано за да илустрира за колкава содржина ќе станува збор.
„Го носам ова ,за да ви покажам, како би изгледале 25 грама марихуана. Не е многу.“, изјави тој.
Новата политика на полицијата ја опфаќа само марихуаната која се употребува за „лична употреба“, а не за продажба. Секој фатен како јавно пуши ќе биде уапсен, без оглед на количината што ја носи.
Полицијата во Њујорк годишно, поради поседување мали количини на марихуана апси десетина илјади лица.Градоначалникот на Њујорк, Де Бласио изјавил дека лицата кај кои ќе бидат пронајдени мали количини на марихуана ќе бидат пуштени само со ниска пари

Пронајдете не на следниве мрежи: