Откриена е формулата за најквалитетното кафе што можете да го испиете

Со цел подобрување на вкусот на најпопуларните пијалаци во светот, експертите од различни делови на светот го проучуваа процесот на правење еспресо од зрна кафе. Овој меѓународен тим експерти од САД, од Велика Британија и од Швајцарија откри дека еспресото произведено од „грубо мелено“ кафе е поконзистентно и посилно од она добиено со досегашниот метод за фино мелење.
Откриена е формулата за најквалитетното кафе што можете да го испиете
Во моментов, претежно се користи ситно мелено кафе за да се добие „вистинскиот сооднос на горчината и киселоста“, но компјутерските модели и експерименти откриле дека помалку зрна кафе и грубото мелење секогаш го даваат истиот, вистински вкус, а научниците посочуваат дека намалувањето на бројот на зрната кафе може да има и друга придобивка – заштеда од 850 милиони фунти годишно само во индустријата за кафе во Америка.
Ова истражување го започнал математичарот Џејми Фостер откако открил дека две навидум исто направени шолји еспресо имаат различен вкус.


Инаку, една шолја кафе се состои од повеќе од 1.800 хемиски супстанции, а се проценува дека дневно се пијат неколку милијарди кафиња во светот.
За правење еспресо се потребни околу 0,02 кг зрна кафе, колку што е можно пофино мелени, а научниците велат дека за најдобар вкус на еспресото, таа количина треба да се намали за четвртина, а кафето ќе биде поевтино и ќе има поконзистентен вкус.
За да објаснат колку е важно мелењето, истражувачите со помош на шанкерите составиле математичка формула, а по илјадниците испиени шолји кафе, истражувачите од Универзитетот во Орегон го пронашле и совршениот рецепт за кој велат дека ќе ги спаси кафулината и индустријата за кафе.
Професорот по хемија на Универзитетот во Орегон, д-р Кристофер Хендон, користел научни формули за да открие како да направи совршена шолја кафе и сфатил дека неколку работи влијаат на вкусот на кафето. Еве ја тајната за шолја совршено еспресо:
1. Потврда вода, подобро кафе
Професорот открил дека тврдоста на водата е поврзана со вкусот на кафето. Колку е потврда водата, толку е подобар вкусот.
Тврдата вода настанува од магнезиум и од калциум.
2. Чувајте ги зрната кафе во фрижидер
Истражувањето открило дека начинот на чување на зрната кафе е многу важен за вкусот.
Свежите зрна кафе што се чуваат во фрижидер се најдобри затоа што свежо печеното кафе содржи јаглерод диоксид кој лесно испарува, а како што испарува тој, така испарува и вкусот.
3. Внимателно избрана мелница за кафе
Видот на мелница е исто така многу важен бидејќи ситно мелените зрна кафе може да се измешаат заедно и да ја намалат аромата.
4. Додавање кафе во водата
Последната тајна за квалитетна шолја кафе е начинот на кој топлата вода се меша со кафето, а постапката треба секогаш да биде иста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.