Министерството за внатрешни работи ги пронајде и обезбеди сите патници од автобусот во кој патувал и парот кај кој е потврден коронавирусот, пренесува ТВ21.
Се работи за автобус на компанијата „Дурмо турс“, а во него имало 14 патници од полошниот регион, 12 од Гостивар и 2-ца патници од Тетово.
Според информации на ТВ21, сите се пронајдени и со нив се прави анкета на кое место седеле во автобусот.
Според министерот за здравство Венко Филипче најголема опасност имаат патниците кои седеле три седишта пред и позади парот заразен со коронавирус.
Овие информации се очекува да ги потврди и министерот за здравство на закажаната прес-конференција во Владата во 13:30 часот.