За 15 минути ќе ви проработат цревата со овие комбинации

На дигестивниот тракт секогаш му се потребни доволно растителни влакна за да може совршено да функционира. Меѓутоа, ако не ги консумирате доволно, еве неколку решенија…
МЛАКА ВОДА И ЛИМОНОВ СОК
Во една чаша млака вода исцедете цел лимон, промешајте кратко и испијте го веднаш, одеднаш. Овој напиток можете да го консумирате и превентивно и така да да ги спречите дигестивните проблеми.
МАСЛИНОВО МАСЛО И ЛИМОНОВ СОК
Една лажица маслиново масло измешајте со лимонов сок и тоа испијте го на гладно, рано наутро.
Овој домашен лек за поттикнување на варењето помага во прочистување на организмот и тоа повеќекратно. Најдобро е да се консумира наутро или неколку часа после оброк.
СОДА БИКАРБОНА И МЛАКА ВОДА
Во една чаша млака вода ставете половина лажичка сода бикрбона. Промешајте и испијте одеднаш.
Оваа комбинација веќе со генерации е позната како сојузник во борбата против лоша дигестија. Оние што имаат здравствени проблеми со желудникот, мора да се консултираат со лекар пред употреба на било кој од претходно наведените комбинации.
Овие рецепти се добродојдени кога перисталтиката на цревата е толку успорена, па на организмот му е потребен стимуланс за да се испразни од отпадот.
Во секојдневната исхрана вклучете:
-многу вода
-пробиотици
-овошје и зеленчук
-интегрални житарици
И не заборавајте на физичка активност, минимум 10-минутна прошетка со цврсти и силни војнички чекори кои ќе ги раздвижат цревата.

*

Повеќе предлози

за ЗДРАВ ЖИВОТ прочитајте ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.