Професор Владимир Трајковски и МНЗА повлекоа труд од хрватско списание поради придавката северна

Професор Владимир Трајковски и МНЗА повлекоа труд од хрватско списание поради придавката северна

Претседателот на МНЗА (Македонско научно здружение за аутизам), проф. д-р. Владимир Трајковски преку својот блог денес информираше дека заедно со уште двајца автори го повлекле трудот, кој требало да биде објавен во хрватско научно списание. Трудот бил за аутизам и индивидуално насочено планирање, а повлекувањето било поради, како што наведува професорот Трајковски пежоративноста на придавката „северна“.

Професорот Владимир Трајковски, кој важи за еден од најпринципиелните професори на Филозофскиот факултет, па и на УКИМ, во ноември одби да учествува на конференција во Србија исто така поради користење на придавката северна.

Известувањето за повлекувањето на трудот може да го прочитате на неговиот блог на следниот линк, а повеќе за повлекувањето од конференција во Србија на линкот.

Повеќе за активностите на здружението МНЗА може да прочитате на нивниот веб сајт.

Пронајдете не на следниве мрежи: