Случаите со коронавирус во Германија се зголемија за 3.609, државата има четврти ден по ред зголемен број на инфекции

Случаите со коронавирус во Германија се зголемија за 3.609, државата има четврти ден по ред зголемен број на инфекции

  • Вкупната бројка на позитивни тестови на Ковид-19 низ целата земја се зголеми на 137.439
  • Бројот на починати исто така се зголеми за 242 на 4110.

Потврдените случаи на коронавирус во Германија пораснаа за повеќе од 3.000 денеска. Зголемувањето за 3.609 го покачи вкупниот број на позитивни на 137.439 додека бројот на починати исто така се зголеми за 242 на 41.110, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) за заразни болести.

Најново истажување сугерира дека:

Ниту „лабораторија“ ниту „ЖИВОТИНСКИ пазар“? Избувнувањето на „Ковид-19“ започнало со месеци порано и не во Вухан, покажува најнова студија на Кембриџ?

Синоќа беа запалени стотици свеќи за да формираат џиновски крст во спомен на оние кои паднаа жртва на вирусот во земјата.

Гертруд Шоп (60), која е католичка и работи како советник за данок, запали свеќа на нејзиниот имот во Зела-Мехилист како симболичен гест додека црковните служби се привремено забранети во земјата за време на карантинот.

Министерот за здравство Јенс Спан, изјави вчера дека, и покрај илјадници нови случаи кои сè уште се потврдуваат секој ден, карантинот кој беше воведен на 18 март „е успешен“ и дека бројките на инфицирани „значително опаднаа“ од тогаш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Кина го сокрила истражувањето на научничка која го декодирала геномот на КОРОНАВИРУСОТ?

Со мерките улиците во земјата и популарните туристички знаменитости останаа напуштени додека иницијативи се спроведени за да им дадат на луѓето да прават нешто да прават додека сè уште ги следат правилата за социјално дистанцирање.

Ова вклучува одење во кино со кола во напуштена фабрика во Дортмунд, каде стотици се појавија во своите автомобили за да гледаат филм. Тамошниот институт за здравје вчера објави дека „стапката на репродукција“ на КОРОНА во Германија опадна на 0,7.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.