Ми умре ќерката од коронавирусот, а вие се уште ги правите овие грешки- очајна мајка со порака за целиот свет.
Девојка на 21 година од Велика Британија почина од коронавирусот, пренесува Ројтерс.
Имено семејството Клои Мидлтон веста ја споделило со јавноста со надеж дека тоа ќе биде предупредување за сите кои не ги почитуваат препораките за овој смртоносен вирус.
Докторите иако официјално допрва треба да ја потврдат смртта и околностите, семејството вчера ги повика сите да направат нешто и да останат дома во обид да се престане ширењето на оваа пандемија.
Мајката на Диана Мидлтон на Фејсбук напиша:
-Сите луѓе кои мислат дека тоа е само вирус, размислете повторно. Зборувајќи од лично искуство овој таканаречен вирус го одзема животот на мојата ќерка која имаше 21 година, напиша во дел од пораката таа.