Случаите со КОРОНАВИРУСОТ во Јапонија пораснаа на над 10.000, болниците се преполни

Случаите со КОРОНАВИРУСОТ во Јапонија пораснаа на над 10.000, болниците се преполни.

Јапонските лекари предупредија дека треба повеќе да се направи за да се спречи коронавирусот да го победи системот за здравствена заштита во земјата, бидејќи потврдените случаи ја надминаа бројката од 10.000, и покрај прогласената вонредна состојба на национално ниво.

Експертите се вознемирени од неодамнешниот скок на инфекциите COVID-19, при што стотици се откриени на дневно ниво. Избувнувањето на КОРОНАВИРУСОТ во Јапонија останува помалку сериозно отколку во тешко погодените европски држави, но Јапонија сега е една од најпогодените Азиски земји после Кина и Индија и е приближно на исто ниво со Јужна Кореја.

КОРОНАВИРУС: 18 нови случаи, 3 починати, биланс во последните 24 часа

Досега се регистрирани 171 смртен случај во Јапонија и 10.751 случаи на заразени, при што земјата се наоѓа под едномесечна вонредна состојба, која првично опфати седум региони, но сега е проширена на национално ниво.

Премиерот Шинзо Абе ги повика жителите да го намалат контактот со другите луѓе за 70 на 80 проценти, а бројот на луѓе што го користат транспортниот систем во Токио значително се намали. Но, мерките не ги спречуваат луѓето да излегуваат надвор, а многу продавници, па дури и ресторани останаа отворени, иако здравствениот систем на земјата се бори да се справи со заразата.

Жестоки протести против карантинот избувнаа во Париз

„Системот е на раб на колапс на многу места во Јапонија“, рече Кентаро Ивата, специјалист за заразни болести од универзитетот Коби, кој повеќе пати го критикуваше справувањето на владата на кризата.

Говорејќи на брифингот за печатот во понеделникот, Ивата рече дека стратегијата на Јапонија за ограничено тестирање и интензивно следење на контакт функционира добро во почетната фаза на локалното појавување, кога бројките беа мали. Но, тој обвини дека Јапонија не успеала да се прилагоди додека расте епидемијата.

„Требаше да се подготвиме за посилен удар, откако следењето на  групите и кластерите стана не ефикасно и требаше веднаш да ја промениме стратегијата“, рече тој. „Но, традиционално и историски гледано, Јапонија не е многу добра во промена на стратегијата“, додаде тој.

Историски пад на цената на нафтата. Во Македонија се планира покачување на цените со нови даноци

„Ние сме многу слаби со стратегијата, дури и не размислуваме за план Б, бидејќи размислувањето за план Б е знак за признавање на неуспехот на планот А.“

Јапонската влада тврди дека ја прилагодила својата стратегија, зајакнувајќи го капацитетот за тестирање, менувајќи ги правилата со кои се потребни сите позитивни случаи да останат во болниците каде одделенијата брзо станале полни, и наметнувајќи вонредна состојба да го намали ширењето. Но, медицинските експерти ги нарекоа мерките недоволни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.