Белата кошула е познато парче облека кое можете да го носите навистина во секоја прилика.
Трендовите, стиловите и годишните времиња се менуваат, но белата кошула останува бидејќи е доволно свечена и елегантна, но сепак опуштена и лежерна.
Таа е она универзално парче кое може да се носи на работа, состанок или прошетка. Лесно се вклопува со ниските обувки, но и со високите потпетици, а тоа е доволна причина да стане (ако веќе не е) дел од вашата гардероба.
Ние денеска ви претставуваме неколку предлози како можете да ја стилизирате белата кошула во текот на пролетната сезона:
Некогаш наједноставните комбинации се и најефектни – белата кошула и светлиот џинс се добитна комбинација.
За женствен и романтичен стајлинг одберете долго здолниште со цветен принт.
Кожните панталони и белата кошула се аутфит кој сигурно нема да пројде незабележано.
Одлично изгледа и во комбинација со црни тесни фармерки.
Белата долга кошула може да послужи и како фустан, а со бајкерски чизми ќе имате опасно добар стајлинг.