Русија пронашла „опасни супстанции“ во вискито и говедското месо од САД

Русија се одмаздува… Имено, Русија планира да забрани увоз на бурбон, виски и говедско месо произведено во САД, бидејќи во нив пронашла „опасни супстанции“.Во соопштението на руската санитарна агензија „Roselhoznadzor“ се наведува:
„Во бурбонот се пронајдени „фталати“, кои можат да предизвикаат органски и функционални промени во централниот и периферен нервен систем, во ендокриниот систем, како и рак и неплодност кај мажи и жени“.
Американската десилерија Бартон, основана во 1792 година, која произведува „Кентаки бурбон“ (Kentucky Straight Bourbon Whiskey) ги прекршила „техничките стандарди“ на Царинската унија во која се Русија, Белорусија и Казахстан, додава руската санитарна агенција.
„Roselhoznadzor“ најави истрага за тоа прашање, чии резултати можат да доведат до забрана на увозот на американското виски.
Исто така, руската Федерална служба за ветеринрски и фитосанитарен надзор не ја исклучува можноста за целосна забрана на увозот на говедско месо од САД.
„Во моментот го преценуваме степенот за ризик. Не е исклучиво да бидеме принудени да воведеме ограничување“, изјавил Алексиј Алексејенко за Итар-тасс.
Денеска федералната служба пријавила дека е пронајден антибиотик тетрациклин во изладено телешко месо кое стигнало од  „Marcho Farms“. Тоа е една од четирите американски фирми на  кои говедско месо е на листата ограничен увоз.
Вкупно за испорака на тие производи во Русија се акредитирани 99 американски компании.
Русија често ја обвинуваат дека користи „пазарно оружје“ и санитарни проблеми, како средство за дипломатски притисок на соседите.
Од кога на Русија и се заострени санкциите поради украинската криза, Русија речиси секојдневно најавува забрани на увоз на некои нови прехрамбени производи под изговор дека сака да ги заштити своите потрошувачу
Москва побарала од судот и забрана на некои произведувачи од американските ланци за брза храна како Мекдоналдс, наведувајќи го како причина „кршењето на стандардите за безбедност“.Во соопштението на руската санитарна агензија „Roselhoznadzor“ се наведува:
„Во бурбонот се пронајдени „фталати&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: