Руски милијардер со подводен тунел ќе ги поврзе Крим и Русија!

Во интервјуто за Итар Тасс, Тимченко изјавил дека овој проект ќе биде 13 пати поевтин од изградбата на подводниот Евротунел, кој ги поврзува Британија и Франција, како и три пати поевтин од турскиот тунел Мармај кој поминува под Босфорскиот проток.Рускиот милијардер и бизнисмен Генадиј Тимченко, денеска изјави дека е подготвен да изгради железнички тунел под Керчкиот проток, кој ќе ги поврзе Крим и континенталниот дел од Русија.
Изградбата на тунелот ќе чини 1,12 милијарди долари.
Според зборовите на Тимченко, неговиот проект е во предност над изградбата на мостот преку Керчкиот проток, бидејќи изградбата на тој мост би била шест пати поскапа од тунелот.
Според него, експертите се залагаат за изградба на мост во тоа подрачје, но тој тврди дека неговата изградба би чинела седум милијарди долари, додека планираното отворање на сообраќајот преку мостот за 31 декември 2017 година, е прилично тесен временски период за неговата изградба.Рускиот милијардер и бизнисмен Генадиј Тимченко, денеска изјави дека е подготвен да изгради железнички тунел под Керчкиот проток, кој ќе ги поврзе

Пронајдете не на следниве мрежи: