Мицковски вршел притисок врз Внатрешна контрола побрзо да се реши случајот „Теретана“ – обвини Славјанка Петровска во ТВ настап
Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи, вечерва гостуваше во ТВ 24. При тоа таа го обвини Христијан Мицкоски дека телефонски вршел притисок на одделот на внатрешна контрола при МВР во однос на случајот „Теретана“.
– Јас жалам што се прави огромен притисок врз вработените. Нема потреба господинот Мицкоски да се јавува телефонски кај дополнителниот помошник за внатрешна котрола и да врши притисок овој случај побрзо да се заврши. За тоа имам службена белешка од дополнителниот помошник министер на одделот на внатрешна контрола дека му било јавено побрзо да се реши овој случај, бидејќи Мицкоски имал притисок од јавноста, изјави во својот настап заменик министерката Петровска.
Славјанка исто така додаде дека овој случај спротивно на кажувањата не е затворен. Всушност не бил утврден датумот на снимките, кога навистина Мицковски вежбал во теретаните… „Нема да го коментирам делот со отсјајот. Извештајот е се уште отворен за случајот „Теретана“, затоа што сомнежите кои беа пласирани на порталите беа дека Мицкоски бил во теретана во време кога тоа е забрането, односно кога сите беа во карантин. Министерот Ќулев се обиде да го одбрани, но извештајот е се уште отворен, бидејќи се вештачат хард дисковите од видео снимките“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.