Немојте да сте ноќна птица: Помошници за подобар сон

Доколку ве измачува несоница, посветете им внимание на овие можни причинители, кои често ги занемаруваме.
НЕ ГО НАМЕСТИВТЕ КРЕВЕТОТ
Уреден кревет – мирен сон. Не, не станува збор за стара народна поговорка, туку за заклучокот од истражувањето над 1.500 испитаници, кое го спроведе американската Национална фондација за сон. Резултатите покажаа дека лицата што настојуваат нивниот кревет да биде уредно наместен во 19% случаи спијат поквалитетно.


Местењето на креветот ни помага да се навикнеме на идејата дека на тоа место ќе ги поминеме следните 7-8 часа“, пишува д-р Катарина Ледерле, авторка на книгата Sleep Sense и основачка на лондонската клиника за сон somnia.org.uk.
Сигурно знаете дека пред спиење не треба да пиете кафе и дека чашка-две алкохол ќе предизвикаат да спиете полошо и почесто да се будите. Но дали знаете дека вашиот мирен сон може да го саботира недостиг од калциум во организмот? Здравствено истражување спроведено во Австралија покажа дека дури 73% жени не внесуваат доволни количества од овој минерал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.