Со корнетите од тесто за пица можете да експериментирате како што сакате. Ладните корнети се сервираат со салати, како што се салатите со моркови и павлака или пак со колбаси. Кога се топли, тие се нај вкусни во комбинација со стопено сирење и омилените додатоци.
Вкусни и топли сендвичи: Рецепт за корнети од тесто за пица
Потребни состојки:
За корнетите:
10 г свеж квасец
1/2 лажичка шеќер
160 г брашно
1/2 лажичка сол
2 лажици маслиново масло
околу 100 милилитри топла вода
За филот:
150 г шунка
150 г сирење моцарела
10 маслинки (без семки)
150 милилитри доматен сос
Начин на подготовка:
Промешајте го квасецот во малку топла вода, а потоа додадете шеќер и оставете го да се активира.
Потоа во брашното додајте го квасецот, солта и маслото и додавајте топла вода по потреба. Месете го тестото, a потоа оставете го на топло додека не нарасне.
Кога тестото ќе нарасне, набрашнете ја масата и од тестото направете топче. Потоа направете круг и поделете го на четири еднакви делови.
Користете корнети за сладолед или калапи кои ќе ги завиткате во алуминиумска фолија, а потоа и со тестото. Печете ги за 12 до 15 минути на 180 степени, а потоа извадете ја фолијата.
Кога ќе се оладат, внатрешноста премачкајте ја со сос од домати и додајте рендана моцарела, шунка и сечкани маслинки. Печете додека сирењето не се стопи.