Видео: Објавено видео на кое се гледа како ракета го погодува малезискиот авион

На видеото се гледа како авионот во далечина се претвара во пламен и паѓа на земја.На Јутуб е објавено видео на кое се гледа како ракета го погодува малезискиот авион на линија Амстердам- Куала Лумпур. На видеото се гледа како авионот се претвора во пламен и паѓа на земја.
Во боингот 777 на лет MH 17, кој се сруши вчера, имало 298 патници. Се смета дека сите загинале, а до сега се пронајдени 121 тело. Помеѓу жртвите имало 154 Холанѓани, 43 државјани на Малезија, 27 од Австралија, 12 од Индонезија, 9 Британци и 4 Белгијанци.
Засега никој не соопштил официјално кои се причините за падот на авионот, но се претпоставува дека е соборен. Одговорноста за соборување на авионот засега никој на ја превзеде, но пукаат  обвиненија помеѓу украинската и руската страна кој е крив за несреќата. Пред неколку месеци,авион од истата компанија, боинг 77 МН 370, кој летал на линија Куала Лумпур – Пекинг со 239 патници и членови на посадата исчезна од засега непознати причини. Се верува дека паднал во Индијскиот океан.

14:58 Антон Герашенко, советник на украинското министерство за внатрешни работи, рекол дека лансер за ракети земја- воздух од типот „Бук“, со кој проруските сепаратисти го срушиле боингот кај Доњецк, во текот на ноќта кришум бил префрлен во Русија. Герашенко вели дека доказ за тоа е видео снимка од тоа моќно оружје на кое му недостасуваат две ракети.
14:10 Министерството за одбрана на Русија соопштило дека на 17 јули регистрирало активност на украинскиот ракетен систем од местото каде малезискиот авион му бил во домет.
13:28 Германската канцеларка Анмгела Меркел повикала денес  итен прекин на огнот во Украина, по трагедијата со авионот во кој загинале скоро 300 луѓе.
„Потребо е да се спроведе независна истрага што побрзо“, рекла Меркел.
13:13 На местото на падот до сега се пронајдени 181 тело од вкупно 298. Според зборовите на представникот на украинското министерство, телата ќе бидат однесени на идентификација во Краков, град под контрола на владата на околу 270 км северно од местото на несреќата.
13:00 Претставници на проруските сили од областа Доњецк соопштиле дека пронашле поголем дел од уредите за снимање со кои бил опремен малезискиот авион. Неименуван помошник на војниот командант на самопрогласената република Доњецк Игор Стрелков изјавил дека се лоцирани 8 од 12 справи за снимање , но дека не знае повеќе детали.
 

12:51 „Во последните неколку месеци не сум чул вистинити изјави од Киев“, изјавил шефот на руската дипломатуија Сергеј Лавров на молба да ги прокоментира обвинувањата на Украина која ги упатува кон проруските сепаратисти, но и Русите за падот на авионот.
 11:46 Малезискиот министер за сообраќај Лиов Тионг Лао изјавил дека доколу се утврди дека малезискиот авион е соборен, тоа би било „во спротивност на сите човечки однесувања“.
10:42 Жителите на Москва од рано наутро положуваат цвеќе пред амбасадата на Малезија. Тротоарот е полн со хризантеми, ружи и каранфили. Истата глетка може да се види и пред амбасадата на Холандија.
10:01 Украина го затворила воздушниот простор над источниот регион каде спроведува војна офанзива против проруските активисти соопштило денес министерството за инфаструктура. 
На Јутуб е објавено видео на кое се гледа како ракета го погодува малезискиот авион на линија Амстердам- Куала Лумпур. На видеото се гледа како ави

Пронајдете не на следниве мрежи: