Најдобрите топли сендвичи: Вкусни, крцкави и полни со фил

Одлични за доручек или вечера!
СОСТОЈКИ:
8 парчиња тост леб
1 излупен и исечкан домат
50 гр сечкани маслинки
100 гр чаен колбас
100 гр чадени пилешки гради
150 гр кашкавал
2 лажици мајонез измешани со лажица кисела павлака
малку масло
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:
2 јајца
2 лажици кисела павлака
30 мл млеко
малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Намастете ја тепсијата и наредете 4 парчиња леб, премачкајте со павлака и мајонез, прекријте со рендан кашкавал, ставете маслинки и домати, потоа ставете пилешки гради и чаен колбас, потоа повторете го процесот редење состојки, изоставувајќи го месото. Од горе ставете 4 парчиња тост леб. Разматете ги сите состојки за прелив, посипете преку лебот и печете на 180 степени 10-15 минути.
Добар апетит!

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.