Кој е доктор Венко Филипче кој во најтешките моменти го води здравствениот систем во Македонија?

Кој е доктор Венко Филипче кој во најтешките моменти го води здравствениот систем во Македонија?
Д-р Венко Филипче потекнува од стара охридска, револуционерна фамилија. Малкумина знаат дека неговиот прадедо, Иракли Филипче бил најбогатиот човек и хуманист во историјата на градот Охрид.
Тој воедно бил и чувар на охридските скапоцености во една од седумте регии во стариот дел на Охрид – Пандонос.
Се истакнал преку својот хуманизам, помагал и вдомувал сираци и стари лица во стариот дел на Охрид.

Венко Филипче е син на познатиот доктор и Академик Илија Филипче кој што е роден на 28-ми јули 1946-та година во Варош.
Едно е сигурно, дека Венко својата љубов кон медицината ја стекнал од родителите затоа што и неговата мајка е познат доктор – Мими Филипче.
Дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001-та година, а во 2008-та година ја завршил специјализацијата по неврохирургија. Магистерските по неврохирургија ги одбранил во 2011-та година, а докторската дисертација во 2015-та година.
Венко Филипче свои научни публикации има објавено во многу домашни, но и странски списанија во областа на неврохирургијата.
Тој е секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.