Грчка салата со тестенини

Идеја за брз ручек за љубителите на оброк салати.
Потребни состојки:
300 гр паста(по ваш избор)
100 гр фета сирење
Црни маслинки без семка
Шери домати
Краставица
Лук во прав
Оригано
Маслиново масло
Сол и бибер


Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода според упатството на пакувањето и оставете ги да се изладат.
Исечете ги доматите на половина, исечете ја краставицата на кругови или коцки. Промешајте ги тестенините и зеленчукот во голема чинија, зачинете со масло, оригано, лук, сол и бибер, додајте маслинки и фета сирење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.