Нова закана: Хрватски биолог открива зошто низ Хрватска се случуваат катастрофални поплави: „Тие се Божјо дело, но…“

На Хрватска и се заканува повторување на катастрофалните поплави од 2010 година! Тоа е соопштението од Хрватски води.-Секако, главна причина за ваквите поплави се големите количества на дожд кој падна на тлото од неодамна истопениот снег и не можеше да се впие дополнителната вода. Но, тоа е само дел од проблемот – вели хрватскиот биолог, Горан Шафарек, автор на неколку книги и филмови за хрватските реки. Шафарек смета дека поплавите се дел од природниот хидролошки циклус против кој луѓето не можат да се бранат, баш како што не може да се спречи врнењето на дожд или паѓањето на снег.
Тој нагласува како поплавите не се нешто негативно. Но, ја напаѓа хрватската политика на составот за регулација на реките и поплавените низини.
– Секако дека не сакаме поплави во населбите, но баш затоа треба да се допушти реката да се разлее во природните ретенции надвор од населбите, а тоа се шумите, ливадите и мочуриштата. Стратегијата на техничката одбрана од поплавите (регулација на реките) надвор од населбите е многу лоша: да се пушти водениот бран да помине, но каде? Тоа само го одложува неизбежното и се создава ефект на лавина. Како што кажа еден познат американски експерт за поплави: „Поплавите се Божјо дело, но штетите од поплавите се дело на човекот“, вели Шафарек.
– Реките треба да се согледуваат под мотото „Да им дадеме на реките повеќе простор“. Во Австрија реките се враќаат во првобитната состојба и поради одржливата одбрана од поплави и поради проблемите што се настанати со регулацијата на реките. Затоа, реката треба да се пушти контролирано да се излее во природно поплавените подрачја и тогаш што е можно полесно да се пропушти водениот бран низ населбите. Европа вложува милони евра за такво оживување на реките. Кај нас се случува спротивното – објаснува Шафарек.-Секако, главна причина за ваквите поплави се големите количества на дожд кој падна на тлото од неодамна истопениот снег и не можеше да се впие доп

Пронајдете не на следниве мрежи: