Пандемијата на коронавирусот нè спречи да уживаме во летото и летната мода на вистински начин, но затоа ја имаме наредната сезона да надоместиме за тоа.
Летото полека си заминува, па затоа е време да размислуваме за есенската мода и претстојните модни трендови. Во наредната сезона актуелни ќе бидат класичните и едноставни парчиња, а акцентот ќе биде ставен на женствените комбинации. Ист е случајот и кога станува збор за боите.
Класиката ќе биде во фокус, а на силните и впечатливи бои можете слободно да заборавите бидејќи овие 4 нијанси ќе доминираат на модната сцена:
Прва на ред е боја која стана актуелна уште на почетокот на годината, а ќе се задржи на модната сцена сè до крајот – станува збор за темносината боја.
Втора на листата е црвената боја. Речиси сите дизајнери ја претставија оваа боја во своите колекции, а таа вистински им прилега на сите без оглед на бојата на кожа и тенот.
Потемната нијанса на жолта боја исто така ќе биде актуелна и често гледана оваа сезона.
Последната на листата бои е класичната беж нијанса која прилега на секоја дама и лесно се комбинира со секоја друга боја.