Околу 20 илјади пензионери кои имаа сметки во Еуростандард банка нема да си ја земат пензијата навремено. Рок за отварање на нова сметка во друга банка заврши вчера. Сите кои не отворија нива сметка, ќе треба тоа да го направат до следниве рокови: 07, 14 или 25 септември. Ова значи дека оние кој што не успеале да отворат нова сметка, ќе ја добијат пензијата во текот на следниот месец. Од Фондот за пензиски осигурување велат дека ќе има вордедни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните нова трансакциска сметка да извадат што е можно побрзо.
„Заклучно со вчерашниот ден околу 30 илјади пензионери извадиле нова трансакциска сметка во друга банка. Остануваат уште 20 илјади пензионери кој треба да отворат нова сметка. Ги повикувам сите пензионери кои имале сметки во Еуростандард банка или пензијата ја земале преку Македонска пошта што е можно побрзо да отворат нови сметки во банка. “
Од Фондот нагласуваат дека пензионерите не треба да одат во ПИОМ туку само да ја известат новата банка дека преку отворената сметка сакаат да ја примаат пензијата или социјалната помош. Ова значи дека банките по службена должност ќе има јават на ПИОМ и на Министерството за труд за промена на сметката по што институциите ќе знаат каде да ги префрлат парите. Најголем проблем останува за граѓаните кој физички неможат да одат во банка за да си отворат нова сметка. Македонската банкарска асоцијација се уште го нема доставно до банките образецот за полномошно, па засега граѓаните сами ги прибираат документите за да може да си ја земат пензијата, или пак социјалната помош.