Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93%, односно за 1 и 1,5 денар. Новата цена стапува од вечерва на полноќ.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, па Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 49,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.