Дечко ми се лизна, ми закажа состанок со мојот лажен профил, и сеа, шо да му праам

Дечко ми се лизна, ми закажа состанок со мојот лажен профил, и сеа, шо да му праам

Луѓе, ве молам за помош. Сакам да биде нешто оригинално, нешто што тој ќе го памти за цел живот! Со Дарко сум три години, од кои првата година еднаш раскинавме, па после неколку месеци пак се смиривме и еве сме, мислев дека сме во сериозна врска.

Но, нешто ме гризеше одвнатре, сакав да го проверам колку ми е верен. Првиот пат му раскинав зошто го фатив како и’ се пушта на една и оттогаш јас имам проблем со довербата.

Направив лажен профил на Фејсбук, одбрав фотки од една девојка што случајно ја најдов од Италија, направив стотина пријатели и чекав да поминат неколку месеци пред да му пишам. Повремено објавував нешто на ѕидот за да не биде сомнително. Кога му побарав пријателство, лажниот профил веќе имаше стаж од 4-5 месеци.

Тој веднаш ме прифати. Додека се токмев нешто да му напишам, тој веќе ми пиша “здраво убавице, дали се знаеме?”. Опааа си помислив, ова мазно ќе оди. Ме праша каде живеам, каде искачам, дали имам дечко…

Почна да ме опсипува со комплименти, па ме испраша каде сум била на одмор од фотографиите што ги гледал, дали нешто тренирам зошто сум имала многу згодно тело, а костимот за капење ми стоел многу секси. И така малку по малку, се допишувавме две недели, кога тој почна да инсистира да се видиме. Ех мој Дарко, Дарко.

Прво се противев, наоѓав разни изговори и на крај прифатив. Се договоривме да се видиме во сабота.

Имав толку многу идеи што да направам, како да постапам… ама како наближува денот некако губам храброст. Ете помина Велигден, тој беше прекрасен и многу убаво си поминав. Како да станав несигурна. А сакав спектакуларна освета и сè уште сакам, ама веќе немам добра идеја. Ве молам, давајте идеи. Па и не мора да се заврши со кавга, може да се заврши и со смеа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.