Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека вакцина против смртоносниот коронавирус може да биде достапна за 3-4 недели.
– Многу сме близу до тоа да се здобиеме со вакцина, изјави Трамп на јавен настан во Филаделфија.
– Ако сакате да ја знаете вистината, на претходната влада ќе и требаа можеби години да пронајде вакцина поради Администрацијата за храна и лекови и сите одобренија. А, ние сме само неколку недели од тоа да се здобиеме, можеби три недели, четири недели, изјави претседателот на САД.
Тој се осврна на прогнози дадени на почетокот на овој месец од страна на американските здравствени власти и фармацевтската компанија Пфајзер.