Тимошенко го нарекува Путин „е*ен лидер“

Тимошенко со вулгарни епитети го водеше разговорот меѓу незе и заменик-обвинителот за национална безбедност и одбрана на Украина, Нестор Шуфрич, кој предизвика реакции откако се појави во јавност.- Ова отиде предалеку! Мораме да го зграпчиме оружјето и да ги елиминираме тие проклети Руси и нивниот е*ен лидер! Ќе му покажам јас на тој се*ко! Украинците мора да земат оружје против Русите така што зад нив да не остане ниту изгорена земја. Жал ми е што не сум таму и што не учествував во целата процедура. Не би имало е*ена шанса да им го дадам Крим – вели Тимошенко во разговорот кој вчера се појави на „Јутјуб“.
Во текот на целиот разговор се користат бројни пцости, а Тимошенко не избираше зборови додека му објаснуваше на Шуфрич како Украинците треба да се повикаат на убивање Руси.
Меѓу другото, рекла дека ќе ги активира сите врски низ светот за да ја претвори Русија во пепел. Од разговорот се слуша дека станува збор за приватна комуникација, а како стигнала до интернет не е познато.
Интересно е и тоа што Тимошенко не ја негираше автентичноста на снимката, туку преку нејзиниот профил на „Твитер“ реагираше на само еден „неточен“ навод, таму каде што говори за Русите.
– Реков дека Русите во Украина, а не мислев на сите Руси.
– Ова отиде предалеку! Мораме да го зграпчиме оружјето и да ги елиминираме тие проклети Руси и нивниот е*ен лидер! Ќе му покажам јас на тој се*ко!

Пронајдете не на следниве мрежи: