Киев ја избриша Македонија од мапата на Европа

Во промотивното видео во кое Киев објаснува зошто Украина треба да стане дел од Европската унија се појавува карта на која се избришани сите држави од поранешна Југославија и се припоени кон Хрватска. Всушност Македонија претставува најјужниот дел на Хрватска.Привремениот премиер на Украина Арсениј Јацењук, во ова промотивно видео објаснува зошто смета дека Украина треба да стане членка на Европската унија.
На ова видео се појавува карта на земјите на Европската унија, а чуди фактот што сите земји на поранешна Југославија се претставени во склопот на Хрватска. Всушност, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија  не постојат како земји, наместо нив на мапата е претставена само Хрватска.
Хрватските портали пишуваат дека Србија е избришана од мапата на Европа поради блиските односи со Русија, па Украинците не ја пропуштаат приликата за политичка првокација.
Ако одиме по аналогно на оваа логика, тогаш нема да не чуди фактот на бришењето на Црна Гора. Но кое објаснувањето за Словенија, БиХ и Македонија чија политика е насочена кон запад.
Нашата земја гради блиски односи со НАТО пактот и Европската унија. Македонската политика е ориентирана кон Евро-Атланска интеграција и навистина чуди фактот што е избришана од мапата на Европа.
Ако се работи за провокација од ваков тип, тогаш зошто Украина ја става и Македонија во кошот на провокација заедно со проруската Црна Гора, па и Русија?

За што се работи, останува да видиме.Привремениот премиер на Украина Арсениј Јацењук, во ова промотивно видео објаснува зошто смета дека Украина треба да стане членка на Европската уни

Пронајдете не на следниве мрежи: