Медитерански прелив за салати – најдобар рецепт за разубавување на салатите!

Честото јадење салати има низа предности. Концентрираноста од бои, мириси и вкусови од зеленчуците и зачините, им дава посебен шмек на главните јадења, а уживањето во салатите во топлите месеци, често го практикуваме и без ,,главните оброци”.
Покрај освежителниот ефект и пријатните вкусови, салатите ни обезбедуваат низа позитивни ефекти за здравјето, поради различните микронуриенти со кои се богати: минерали, витамини, антиоксидантни, но и различните останати фитонутриенти.
За дополнително засилување на вкусот на овие здрави оброци, често се користат т.н. салатни дресинзи или преливи. Денес ви предложуваме еден вкусен и здрав прелив за салата .
Грчки или медитерански салатен прелив
Овој вкусен и често користен салатен прелив во медитеранската кујна, има состојки кои во комбинација даваат уникатен вкус и мирис. Дополнително, содржи здрави незаситени маснотии, мед, витамин Ц и здрави зачини.


Рецепт
• 1 чашка маслиново масло
• сок од два лимона
• две лажички црвен, вински оцет
• 1 лажичка сенф
• 1 лажичка мед
• 2 главички лук, фино сомелен
• 2 лажички сушено оригано
• половина лажичка сол
• половина лажичка црн бибер
Начин на подготовка
Ставете ги сите состојки во сад што може убаво да се затвори и мешајте околу една минута.
Комбинации
Преливот можете да го чувате до 7 дена во фрижидер, а најдобро се служи со грчка салата, но и други салати со зелен зеленчук. Добар е и во комбинација со риба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.