Цинкот му е непријател на коронавирусот: Еве што треба да јадете за да бидете здрави оваа зима

Кикирики
Кикириките се евтин и вкусен извор на цинк. Специјалното е што сите сакаат кикирики. Можете да ги вклучите во вашата салата, или може да намачкате путер од кикирики на јаболко или леб. Кикириките се важен извор на цинк за оние кои јадат вегетаријанска храна.
Хумус
Хумусот е богат и со цинк. Може да се јаде со сендвичи или помфрит. Хумусот е полн со антиоксиданти, влакна и многу други хранливи материи.


Јајца
Јајцата содржат умерено количество цинк. Едно големо јајце содржи 5% од дневните потреби за цинк. Содржи 77 калории, 6 грама протеини и 5 грама здрави масти, како и други минерали и хранливи материи.
Леќа и наут
Леќата и наутот содржат многу цинк. 100 грама варена леќа содржи 12% од дневните потреби од цинк.
Месо
Месото е одличен извор на цинк, вообичаено сите типови на месо содржат цинк (телешко, свинско, пилешко и сл.). 100 g месо содржи околу 4.8 mg на цинк што е околу 43% од дневните препорачани количини.
Житарки
Житарките како пченица, киноа, ориз, овес исто така содржат цинк. 100 g овес содржи 4 mg цинк, што е некаде околу 40% од дневниот препорачан внес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.