Работите од дома? Заменете ја столицата со пилатес топка

Физиотерапевтите се сè погласни во препораката дека е добро, барем повремено, да ја заменувате столицата со пилатес топка.
Пилатес топките често се препорачуваат за луѓе кои страдаат од болки во вратот, грбот и рамената. Иако многумина ќе помислат дека е тешко да се седи на топка за пилатес, сепак тоа не е невозможно.
Тим Даунлинг, дописник за британски Guardian, кој започна со оваа фитнес авантура, вели дека седењето на топката ја намалило болката во грбот што го мачела во изминатите месеци. Најголемата причина за ова е неправилната положба на телото додека седите и работите на компјутер (најчесто на стлица што не е наменета за тоа).

„Не паднав од топката. По две недели, бев во можност совршено да се избалансирам седејќи на топката покрај компјутерот, дури и додека пиев кафе“, рече Даунлинг.
Сепак, тој признава дека на почетокот му било тешко да се фокусира само на работата.
„Само размислував како да седам исправено“, вели Даунлинг.
Примерот на Даулинг всушност открива многу повеќе за лошите навики на луѓето додека работат, потсетуваат стручњаците. Се чини дека неправилното држење на телото стана дел од работниот ден, а повеќемесечната пандемија само ја влоши состојбата, бидејќи голем број луѓе работат од дома, каде често забораваат да станат и да се истегнат во текот на денот.
Затоа, експериментирањето со пилатес топка всушност би било добредојдено за многумина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.